All for Joomla All for Webmasters

За нас

Торакс ДОО е градежна компанија основана во 1991 година, која се бави со проектирање и изведба на алуминиумска конструкција, посебно на алуминиумски фасадни конструкции.

Торакс ДОО, своите активности базирани на долгогодишното акумулирано искуство ги посветува на обезбедување на квалитет на изведбата и задоволување на инвеститорите. За зајакнување на оваа посветеност, ние воспоставивме и одржуваме систем за управување со квалитет, кој ни овозможува постојано да ги подобруваме нашите активности и процеси, а со тоа и производите кои ги нудиме.

Торакс ДОО својата политика за квалитет ја остварува преку:

-          Ориентираност кон инвеститорите:Задоволување и надминување на барањата на нашите инвеститори во однос на квалитетот на производите кои ги нудиме.

-          Почитување на вработените: За да понудиме квалитетен производ, потребен е добар, обучен и мотивиран тим. За таа цел вложуваме во стручното доусовршување на нашите вработени. Водиме грижа за интересите на нашите вработени и постојано ја унапредуваме климата на добра соработка кај вработените со што се зголемува нивната доверба и приврзаност кон организацијата.

-          Почитување на подизведувачите:Создавање и одржување на добри партнерски односи со нашите подизведувачи, кои придонесуваат за остварување на целите на Торакс ДОО, заради квалитетно изведување на работите и задоволување на потребите и барањата на инвеститорите.

-          Почитување на околината:Насоченост кон континуиран развој на организацијата со целосно прифаќање на одговорноста кон општеството и околината.

Торакс ДОО Скопје во иднина се обврзува на:

  • Континуирано одржување, преиспитување и подобрување на ефективен и успешен систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2008, заради задоволување на барањата на инвеститорите.
  • Ангажирање на вработените на сите нивоа за исполнување на Плановите, Политиката и Целите за квалитет.

Телефон:

TORAX ДОО Скопје :
тел.+ 389 2 20 444 02
фах.+ 389 2 31 227 64

Информации

FITRРазвој на паметен фотоволтаичен акумулациски модул (FV-PAM)

Адреса

ул.16 Македонска Бригада 18
П. фах 15 Скопски саем,
1000 Скопје
, Македонија (Фабрика Железара)

Каталог

katalog